Предмет/Музичко ообразование
Одделение/ VIII
ТЕМА/МУЗИЧКА ПИСМЕНОСТ
Тонови по траење (потсетување)
Tонови по
траење се:
- четвртина нота
(еден удар),
- половина нота
(два удари),
- цела нота
(четири удари)
- осмина нота
(половина удар) и т.н.
Пример:
Шеснаесетината
нота и пауза траат четвртина удар.
шеснаестина нота
шеснаестина пауза
Во еден удар има четири шеснаестини ноти.
Пример бр. 1
шеснаестини шеснаестини
ноти паузи
Шеснаестините
ноти можат да се запишат одделно како во примерот бр. 1, а може и споено како
во примерот бр. 2.
Шеснаестините
ноти се комбинираат и со осмини ноти. Во примерот број три е дадена комбинација
на две шеснаестини ноти со една осмина, запишани на двата начина (одделно и
споено).
Пример бр. 3
Пример бр. 4
ТАКТ, МЕТАР И РИТАМ (потсетување)
ТАКТ
Секоја композиција е организирана во тактови. Тактовите се одделуваат со тактови црти.
Пример.
ТАКТОВА МЕРА
Тактовата мера одредува колку удари ќе трае секој еден такт (сите тактови мора да изнесуваат ист број на удари, а тоа го одредува тактовата мера). Тактовата мера се запишува на почетокот на композицијата веднаш до виолинскиот клуч.
На пример:
- кога е бројот 4 тоа значи дека мерна единица е четвртината нота или еден удар (бидејќи четвртината нота трае еден удар)
- кога е бројот 8 тоа значи дека мерна единица е осмина нота или половина удар (бидејќи осмината нота трае половина удар)
Пример за тактова мера каде мерна единица е четвртина нота: две четвртини, три четвртини, четири четвртини.
- две четвртини: означува дека во секој такт треба да има по две четвртини ноти (а бидејќи две четвртини изнесуваат два удари, тоа значи дека тактот ќе трае два удари).
- три четвртини: означува дека во секој такт треба да има по три четвртини ноти (а бидејќи три четвртини изнесуваат три удари, тоа значи дека тактот ќе трае три удари).
- четири четвртини: означува дека во секој такт треба да има по четири четвртини ноти (а бидејќи четири четвртини изнесуваат четири удари, тоа значи дека тактот ќе трае четири удари).
РИТАМ
Ритам претставува нотите по траење кои ќе се појават во секој такт. Пример: Тоа што во дво – четвртински такт треба да имаме во секој такт по две четвртини ноти не значи дека треба да се употребуваат само четвртини ноти, можи да има од сите видови на ноти по траење кои ќе изнесуваат вкупно два удари.
Пример бр. 1:
прв такт втор такт трет такт четврт такт
Во примерот број еден се дадени четири такта во две четвртини. Секој од тактовите има различни комбинации од видовите на ноти по траење (што претставува ритам), но секој такт вкупно изнесува два удари.
- во првиот такт има една четвртина нота (еден удар) и две осмини ноти (секоја по половина удар, вкупно еден удар) и вкупно тактот – два удари.
- во вториот такт има една половина нота која трае два удари.
- во третиот такт има четири осмини ноти (секоја по половина удар) - вкупно два удари.
- во четвртиот такт има две четвртини ноти (секоја по еден удар) – вкупно два удари.
по еден удар).
Видови на метар
Има два видa на метар:
- правилен – кога мерна единица е четвртината нота (пр. две четвртини, три четвртини, четири четвртини и т.н.)
- неправилен – кога мерна единица е осмината нота, а бројот на осмини е непарен (пр. пет осмини, седум осмини, девет осмини и т.н)
Пет осмини
Во пет осминскиот метар во тактот имаме пет осмини или вкупно два и пол удари (една осмина трае половина удар, пет осмини – два и пол удари). Бидејќи бројот е непарен во тактирањето се јавува една осмина отповеќе и затоа три осмини во тактот се тактираат на еден удар, но го задржуваат нивното реално траење (од еден и пол удар) со што тој удар во тактот ќе биде подолг во тактирањето од останатите две осмини, затоа се јавува тука застој и метарот е неправилен. Тие три осмини кои се тактираат на еден удар се наречени хемиола.
ХЕМИОЛА претставува кога три осмини се тактираат на еден удар, а го задржуваат нивното реално траење. Хемиолата се употребува само во неправилните метри и може да ја има само еднаш во рамките на еден такт, но на различно тактово време (тактово време претставува секој еден удар во тактот).
Во пет осмини бидејќи имаме два удари, има две варијанти на тактирање, во зависност од поставеноста на хемиолата:
- кога хемиолата е на прво тактово време (раз-два-три, раз-два),
- кога хемиолата е на второ тактово време (раз-два, раз-два-три).
Пример бр. 1
Во примерот број еден хемиолата е на прво тактово време. Се тактира раз-два-три, раз-два
Пример бр. 2
Во примерот број два хемиолата се наоѓа на второ тактово време. Се тактира раз-два, раз-два –три.
Седум осмини
Во седум - осминскиот метар во тактот имаме седум осмини
или три и пол удари (една осмина трае половина удар, седум осмини – три и пол удари).
Бидејќи бројот е непарен во тактирањето се јавува една осмина отповеќе и затоа
три осмини во тактот се тактираат на еден удар, но го задржуваат нивното реално
траење (од еден и пол удар) со што тој удар во тактот ќе биде подолг од
тактирањето на останатите четири осмини, затоа се јавува тука застој и метарот
е неправилен. Тие три осмини кои се тактираат на еден удар се наречени хемиола.
ХЕМИОЛА
претставува кога три осмини се тактираат на еден удар, а го задржуваат нивното
реално траење. Хемиолата се употребува само во неправилните метри и може да ја
има само еднаш во рамките на еден такт, но на различно тактово време (тактово
време претставува секој еден удар во тактот).
Во седум осмини бидејќи имаме три удари, има три
варијанти на тактирање, во зависност од поставеноста на хемиолата:
- кога хемиолата е на прво тактово време (раз-два-три,
раз-два, раз-два),
- кога хемиолата е на второ тактово време (раз-два,
раз-два-три, раз-два) и
- кога хемиолата е на трето тактово време (раз –два,
раз-два, раз-два-три).
Во примерот број еден прикажана е варијанта кога
хемиолата е на прво тактово време.
Пример бр. 1
хемиола
Во примерот број два е прикажана варијанта кога хемиолата
е на второ тактово време.
Пример бр. 2
хемиола
Во примерот број три е дадена варијанта кога хемиолата е
на трето тактово време.
Пример бр. 3
хемиола
ОПСЕГ
Обем на тонови кои што можи да ги испее еден човек
или да ги исвири еден инструмент.
Тоновите се поделени во октави од осум тонови.
Октавите имаат имиња: субконтра, контра, голема,
мала, прва, втора, трета ....
ТОНОВИ ОД ЛА ВО
МАЛАТА ОКТАВА ДО МИ ВО ВТОРАТА ОКТАВА
ФА И СОЛ ВО
ВТОРАТА ОКТАВА
- „F“ (фа) во втората октава се пишува на петтата линија од петолинието
- „G“ (сол) во втората октава се пишува над петолинието.
СОЛ ВО МАЛАТА
ОКТАВА
Сол (G) во малата октава се пишува под
втората помошна линија под петолинието.
ГЕ ДУР СКАЛА (G dur)
Градба на дурската скала:
Дурска скала се гради кога имаме полустепени помеѓу III – IV и VII – VIII стапало.
Полустепени се наоѓаат секогаш помеѓу тоновите ми-фа
и си-до
Името скалата го добива по латинското име на
почетниот тон (првото стапало)
Ге дур
Ге дур е скала со една повишувалка (диез)
Повишен е тонот F (фа) кој преминува во Fis (фа повишено)
Тонови на G дур: G, A, H, C, D, E, Fis, G.
е мол скала
Градба на молската скала:
Молската скала се гради кога имаме полустепени
помеѓу II – III и V – VI стапало.
Полустепени се наоѓаат секогаш помеѓу тоновите ми-фа
и си-до
Името скалата го добива по латинското име на
почетниот тон (првото стапало).
Видови молска скала:
Има три видови на молска скала: природен мол,
хармонски мол и мелодиски мол
Природниот мол се гради со полустепени помеѓу II-III и V-VI стапало.
Хармонскиот мол се гради кога на природниот мол се
повишува VII стапало
Мелодискиот мол се гради кога на природниот мол се
повишуваат VI и VII стапало
е мол природна
е мол хармонска
Тема: Народно музичко творештво
Фолкор
Сè она што го создал народот се
вика фолклор. Во однос на музиката се вика музички фолклор. Во музички фолклор
спаѓаат: народните песни, ора, носии и инструменти.
Обред
Обред – дефиниција. Строго утврдени активности,
дејства поврзани со вршење на определени верски ритуали или со народни верувања
и обичаи.
Обичај
Дефиниција. Општоприфатен начин на живот, работа, однесување кој со текот
на времето се потврдува како општествено правило, преминува во традиција. Пример:
народни обичаи, свадбени обичаи.
Адет
Дефиниција. Обичај што станал некој вид закон за извесна средина, што се
прави по обичај, традиција, од навика.
Ритуал
Дефиниција. Систем од обреди што се вршат при некој религиозен акт.
Установен ред при вршење на нешто.
Традиција
Традиција е збор кој доаѓа од латинскиот traditionem,
односно traditio со значење дека „нешто се пренесува натаму“,
а се користи на повеќе начини, но најчесто да означи збир на верувања или
обичаи во одредена област, на пример: христијанска традиција, традиција на
прослава и слично.
Народни ора
Орската традиција во
македонското народно творештво, со својата разновидност во кореолошките
елементи и метро-ритмичката структура, може да се класифицира според повеќе
параметри во неколку категории:
1.
Според
етничка, регионална припадност постојат пет играорни подрачја: западно,
југозападно, јужно, источно и северно играорно подрачје.
2.
Според
намената и функцијата народните ора се делат на: обредни (се изведуваат во строго утврдено време, место и број на
учесници, со специфични реквизити и правилен ред на изведувањето: русалии,
лазарици, водичарки, игри под маски, велигденски игри и др) и соборски (празнични, чие изведување не
е строго утврдено за одредено време, место, учесници: буките, патрунино,
свинишко, за поес, малешевска, крстач, арнаут и др. )
3.
Според
правецот на изведување: ора кои се играат движејќи се кон десно и ора кои
се играат движејќи се кон лево.
4.
Според формата на игра се делат на: ора кои се играат во полукружна
форма или отворен круг, ора кои се играат во затворен круг, ора кои се играат
во змијовидна форма, ора во паровна форма на играчите.
5.
Според бројот на учесници: со точно дефиниран број на учесници и со
неограничен број на учесници.
6.
Според половата разлика: машки, женски, мешани ора.
7.
Според стилските карактеристики – позицијата на рацете: за
раце, за рамо, за појас, со слободно отпуштени раце.
На следниот линк можи да
разгледате повеќе за македонските народни ора. https://www.itarpejo.org/category/culture/makedonski-narodni-ora/
Тема
„Слушање музика“ за VIII одделение.
Композиции за слушање:
Жичани инструменти – трзачки:
1.
Концерт за мандолина во Це дур – Антонио Вивалди
https://www.youtube.com/watch?v=9OJ0bsyIryc
2.
Калајџиско оро – изведба: Влатко Стефановски
– гитара
(92) 20 Vlatko Stefanovski iMiroslav Tadic - Kalajdzisko Oro - YouTube
3.
Impromptu – Габриел Пиерне – Харфа
https://www.youtube.com/watch?v=6tVBOIvYK1c
Жичани инструменти – гудачки:
1.
Мала ноќна музика 3 став – Волфганг Амадеус
Моцарт
https://www.youtube.com/watch?v=EtpZTF_be2E
2.
Капричо бр. 24 – Николо Паганини
https://www.youtube.com/watch?v=PZ307sM0t-0
Дрвени дувачки инструменти:
Слушање музички примери – воочување на
дувачки инструменти:
1.
Syrinx – Клод
Дебиси – флејта
(92) Debussy: Syrinx forsolo flute (Emmanuel Pahud) - YouTube
2.
Рапсодија во сино – Џорџ Гершвин – кларинет
https://www.youtube.com/watch?v=s5RnxMyjhfA
3.
Пинк Пантер тема – саксофон
https://www.youtube.com/watch?v=jBupII3LH_Q
4.
Лебедово езеро – II чин – Петар Илич
Чајковски – обоа
https://www.youtube.com/watch?v=hIolUrBYZFc
Лимени дувачки инструменти:
5.
Чардаш – изведба: Кирил Рибарски – тромбон
https://www.youtube.com/watch?v=nPb705R9BhM
Ударни инструменти:
1.
Така зборуваше Заратустра – тимпани – Рихард
Штраус
https://www.youtube.com/watch?v=Szdziw4tI9o
Инструменти со клавијатура:
1.
Токата и фуга – Јохан Себастијан Бах - оргули
https://www.youtube.com/watch?v=Nnuq9PXbywA
2.
Либертанго (хармоника) – Астор Пјацола
https://www.youtube.com/watch?v=vaXNdVTGT0k
3.
Концерт за пијано и оркестар , Еф мол –
Фредерик Шопен
(92) Arthur Rubinstein -Chopin - Piano Concerto No 2 in F minor, Op 21 - YouTube
Водич на младиот човек низ оркестар –
Бенџамин Бритн
https://www.youtube.com/watch?v=4vbvhU22uAM
Симфонија:
Симфонијата е оркестарско дело со цикличен облик што им дава можност на изведувачите да ги претстават своите исполнителси можности. Симфонијата е составена од 4 става,3 или повеќе. В. А. Моцарт напишал 53 симфонии, Л. В. Бетовен 9, Ј.Хајдн 104 симфонии, П. И. Чајковски 6 симфонии, Ф.Шуберт 8, А.Брукнер 9 симфонии и др. Повеќето симфонии се напишани во четири става при што првиот став е во сонатна форма, форма која музичките теоретичари ја опишуваат како ,,класична” и покрај тоа што и самите светско-признати маестра како Јозеф Хајдн, Волфганг Амадеус Моцарт и Лудвиг ван Бетовен кои пишувале класични симфонии, не се придржувале кон овие правила.
1.
Симфонија бр. 5 – Лудвиг ван Бетовен
https://www.youtube.com/watch?v=jv2WJMVPQi8&t=1374s
2.
Симфонија бр. 40 – Волфганг
Амадеус Моцарт
Mozart: Symphony No. 40 /Rattle · Berliner Philharmoniker - YouTube
Биографија
за композиторите:
АНТОНИО
ВИВАЛДИ.
Италијански композитор од 17 век, времето на барокот. Познат свештеник,
композитор и виолинист. Бил наречен „црвениот свештеник“ бидејќи имал црвена
коса, а на 25 години станал свештеник. Негово најпознато дело е циклусот
„Годишни времиња“. Други композиции: преку 500
концерти; околу 350 од нив се за соло инструменти, од кои 230 за виолина, 46
опери, 73 сонати, симфонии и др.
ВОЛФГАНГ
АМАДЕУС МОЦАРТ. Австриски композитор од 18 век, времето на класицизмот.
Заедно со Лудвиг ван Бетовен и Јозеф Хајдн се наречени „виенски класичари“. Иако бил малку почитуван за време на
неговиот животен век, Моцарт го обожавале многу подоцнежни композитори. Tој
можел да свири со рацете од позади. Некои го нарекувале чудо од дете. И покрај
тоа што добивал нервни напади во текот на својот краток живот напишал дури 179
композиции.
НИКОЛО
ПАГАНИНИ.
Бил италијански виртуоз
на виолина и композитор. Живеел во крајот на 18 и почетокот на 19 век, времето на
раниот романтизмот. Бил ненадминат мајстор на виолинската техника и му била
припишувана дури и маѓиска моќ. Компонирал виолински концерти, сонати, камерна
музика и познатите „каприча“ за соло виолина.
КЛОД ДЕБИСИ. Француски композитор од времето на музика на 20 век. Инспириран
од симболизмот во
поезијата и од импресионизмот во сликарството,
тој создадал сопствен мајчин јазик и нов стил во музиката - импресионизмот. Неговото дело, засновано врз природната непосредност во изразувањето
ја потиснало Вагнеровата доминација и со што ги поставил темелите на
модерната музика
ЏОРЏ ГЕРШВИН. Еден од најславните американски композитори и музичари на 20 век. Користејќи елементи од
црнечкиот фолклор, успешно ги споил ритмичките и мелодиските карактеристики
на џезот во
формите на уметничката музика и со тоа придонел за создавање на специфичниот
северноамерикански музички израз. Негови најпознати дела се оперите „Порги и
Бес“, симфониската поема „Американец во Париз“, „Рапсодија во сино“.Компонирал
повеќе од 700 дела.
ПЕТАР ИЛИЧ ЧАЈКОВСКИ. Руски композитор од 19 век,
времето на романтизмот. Еден од најголемите руски композитори и симфоничари, кој со своите дела ја одбележа
ерата на доцниот романтизам како еден од најсестраните и најплодните.
Значаен придонес дал во развојот на рускиот балет. Негови најпознати дела се оперите „Евгениј Онегин“ и
„Пикова дама“, а неговите три балети: „Оревокршачка“,
„Лебедово езеро“ и „Заспаната убавица“ се едни од најизведуваните балети на
сите времиња. Познато негово дело е и циклусот „Годишни времиња“.
РИХАРД ШТРАУС. Германски композитор и диригент од 19/20 век, доцен романтизам. Компонираше опери, оперети, балети,
соло-песни, камерна музика и друго. Автор е на оперите „Салома“, „Електра“,
„Кавалер со ружа“, на поемата „Дон Жуан“ и на други дела. Татко му бил хорнист
од најмали нозе компонирал симфонии, поеми, соло песни...тој го зголемува
оркестарот неговите дела имаат карактеристики на доцниот романтизам.
ЈОХАН
СЕБАСТИЈАН БАХ. Германски композитор од 17 век, времето на барокот. Бах се смета за еден од најголемите композитори,
заради неговата моќна композиторска техника и огромниот број на композиции.
Неговите композиции се високо ценети за нивната интелектуална длабочина,
техничка заповест и уметничка убавина. Некои од неговите најславни композиции
се: Бранденбуршки
концерти, свитите и партитите за
клавијатура, Мисата во ха-мол, Житието на Св. Матеј, Музички дар, Уметноста на фугата и голем број кантати, од
кои денес се зачувани 220.
ФРЕДЕРИК ШОПЕН. Полски
композитор од 19 век, времето на романтизмот. Се смета за еден од најголемите
композитори за пијано на сите времиња. Сите Шопенови дела се за пијано, соло или со придружба. Главно се за соло пијано, но
има и неколку за пијано ансамбли со
инструменти, меѓу кои второ пијано, виолина, виолончело, глас и оркестар. Денес зачувани се над 230
Шопенови дела. Разните ракописи и дела од раното детство не се пронајдени.
No comments:
Post a Comment