Предмет/Музичко ообразование
Одделение/ IX
ТЕМА/МУЗИЧКА ПИСМЕНОСТ
ТАКТ, ТАКТОВА МЕРА И РИТАМ (потсетување)
ТАКТ
Секоја композиција е организирана во тактови. Тактовите се одделуваат со тактови црти.
Пример.
ТАКТОВА МЕРА
Тактовата мера одредува колку удари ќе трае секој еден такт (сите тактови мора да изнесуваат ист број на удари, а тоа го одредува тактовата мера). Тактовата мера се запишува на почетокот на композицијата веднаш до виолинскиот клуч.
На пример:
- кога е бројот 4 тоа значи дека мерна единица е четвртината нота или еден удар (бидејќи четвртината нота трае еден удар)
- кога е бројот 8 тоа значи дека мерна единица е осмина нота или половина удар (бидејќи осмината нота трае половина удар)
Пример за тактова мера каде мерна единица е четвртина нота: две четвртини, три четвртини, четири четвртини.
- две четвртини: означува дека во секој такт треба да има по две четвртини ноти (а бидејќи две четвртини изнесуваат два удари, тоа значи дека тактот ќе трае два удари).
- три четвртини: означува дека во секој такт треба да има по три четвртини ноти (а бидејќи три четвртини изнесуваат три удари, тоа значи дека тактот ќе трае три удари).
- четири четвртини: означува дека во секој такт треба да има по четири четвртини ноти (а бидејќи четири четвртини изнесуваат четири удари, тоа значи дека тактот ќе трае четири удари).
РИТАМ
Ритам претставува нотите по траење кои ќе се појават во секој такт. Пример: Тоа што во дво – четвртински такт треба да имаме во секој такт по две четвртини ноти не значи дека треба да се употребуваат само четвртини ноти, можи да има од сите видови на ноти по траење кои ќе изнесуваат вкупно два удари.
Пример бр. 1:
прв такт втор такт трет такт четврт такт
Во примерот број еден се дадени четири такта во две четвртини. Секој од тактовите има различни комбинации од видовите на ноти по траење (што претставува ритам), но секој такт вкупно изнесува два удари.
- во првиот такт има една четвртина нота (еден удар) и две осмини ноти (секоја по половина удар, вкупно еден удар) и вкупно тактот – два удари.
- во вториот такт има една половина нота која трае два удари.
- во третиот такт има четири осмини ноти (секоја по половина удар) - вкупно два удари.
- во четвртиот такт има две четвртини ноти (секоја по еден удар) – вкупно два удари.
по еден удар).
___ (знак за обележување нагласен дел од
тактот)
(знак за обележување на
ненагласен дел од тактот)
Во примерот број
1 дадени се четири осмини во дво-четвртински такт. Првите две осмини се едно
тактово време и двете спаѓаат на нагласен дел од тактот. А третата и четвртата
осмина припаѓаат на ненагласен дел од тактот.
Пример бр. 2
Во примерот број
два дадени се два такта. Во првиот такт прикажани се
нагласените делови ода тактот, а во вториот пример прикажано е поврзувањето на
втората и третата осмина и менувањето на нагласокот (преминувањето на втората
осмина од нагласена на ненагласена). Со овој пример настанува синкопата која е
дадена во примерот број три
БЕМОЛ (СНИЖУВАЛКА)
ДИЕЗ (ПОВИШУВАЛКА)
Диез или повишувалка служи за повишување на тонот за
половина степен
Повишувалката се употребува за да го зголеми или
намали растојанието помеѓу два соседни тонови (степен – го менува од цел степен
во половина или обратно)
Диез или повишувалката се пишува пред самиот тон
Кога тонот е повишен се менува името, така што на
латинското име се додава наставка “is”
БЕКАР (РАЗРЕШУВАЛКА)
Бекар или разрешувалка се употребува во случај кога
тонот е повишен или снижен и служи за да го врати тонот од повишен (или снижен)
во основен.
Бекар се пишува пред самиот тон
БЕМОЛ (СНИЖУВАЛКА)
Бемол или снижувалка служи за снижување на тонот за
половина степен
Снижувалката се употребува за да го зголеми или
намали растојанието помеѓу два соседни тонови (степен – го менува од цел степен
во половина или обратно)
Бемол или снижувалка се пишува пред самиот тон
Кога тонот е снижен се менува името, така што на
латинското име се додава наставка “еs” со исклучок на тонот „h“ на кој што името му преминува во „b”.
СИМБОЛ
ПРИМЕР ЗА БЕМОЛ
(СНИЖУВАЛКА)
ЕФ ДУР
ГРАДБА НА ДУРСКАТА СКАЛА
Дурска скала се гради кога имаме полустепени помеѓу III – IV и VII – VIII стапало.
Полустепени се наоѓаат секогаш помеѓу тоновите ми-фа
и си-до
Името скалата го добива по латинското име на
почетниот тон (првото стапало)
Еф дур е скала со една снижувалка (бемол)
Снижен е тонот h (си) кој преминува во b (си снижено)
Тонови на Еф дур: F, G, A, B, C, D, E, F.
ДЕ МОЛ
ГРАДБА НА МОЛСКАТА СКАЛА
Молската скала се гради кога имаме полустепени
помеѓу II – III и V – VI стапало.
Полустепени се наоѓаат секогаш помеѓу тоновите ми-фа
и си-до
Името скалата го добива по латинското име на
почетниот тон (првото стапало)
ВИДОВИ НА МОЛСКА СКАЛА
Има три видови на молска скала: природен мол,
хармонски мол и мелодиски мол
Природниот мол се гради со полустепени помеѓу II-III и V-VI стапало.
Хармонскиот мол се гради кога на природниот мол се
повишува VII стапало
Мелодискиот мол се гради кога на природниот мол се
повишуваат VI и VII стапало
Де мол природна
Де мол хармонска
Де мол мелодиска
Видови на тактови
мери (потсетување)
- правилен метар – кога мерна единица е
четвртината нота (пр. две четвртини, три четвртини, четири четвртини и т.н.)
- неправилен метар– кога мерна единица е осмината
нота, а бројот на осмини е непарен (пр. пет осмини, седум осмини, девет осмини
и т.н)
Во пет осминскиот метар во тактот имаме пет осмини или вкупно два и пол удари (една осмина трае половина удар, пет осмини – два и пол удари). Бидејќи бројот е непарен во тактирањето се јавува една осмина отповеќе и затоа три осмини во тактот се тактираат на еден удар, но го задржуваат нивното реално траење (од еден и пол удар) со што тој удар во тактот ќе биде подолг во тактирањето од останатите две осмини, затоа се јавува тука застој и метарот е неправилен. Тие три осмини кои се тактираат на еден удар се наречени хемиола.
ХЕМИОЛА претставува кога три осмини се тактираат на еден удар, а го задржуваат нивното реално траење. Хемиолата се употребува само во неправилните метри и може да ја има само еднаш во рамките на еден такт, но на различно тактово време (тактово време претставува секој еден удар во тактот).
Во пет осмини бидејќи имаме два удари, има две варијанти на тактирање, во зависност од поставеноста на хемиолата:
- кога хемиолата е на прво тактово време (раз-два-три, раз-два),
- кога хемиолата е на второ тактово време (раз-два, раз-два-три).
Пример бр. 1
Во примерот број еден хемиолата е на прво тактово време. Се тактира раз-два-три, раз-два
Пример бр. 2
Во примерот број два хемиолата се наоѓа на второ тактово време. Се тактира раз-два, раз-два –три.
Седум осмини
Во седум - осминскиот метар во тактот имаме седум осмини или три и пол удари (една осмина трае половина удар, седум осмини – три и пол удари). Бидејќи бројот е непарен во тактирањето се јавува една осмина отповеќе и затоа три осмини во тактот се тактираат на еден удар, но го задржуваат нивното реално траење (од еден и пол удар) со што тој удар во тактот ќе биде подолг од тактирањето на останатите четири осмини, затоа се јавува тука застој и метарот е неправилен. Тие три осмини кои се тактираат на еден удар се наречени хемиола.
ХЕМИОЛА претставува кога три осмини се тактираат на еден удар, а го задржуваат нивното реално траење. Хемиолата се употребува само во неправилните метри и може да ја има само еднаш во рамките на еден такт, но на различно тактово време (тактово време претставува секој еден удар во тактот).
Во седум осмини бидејќи имаме три удари, има три варијанти на тактирање, во зависност од поставеноста на хемиолата:
- кога хемиолата е на прво тактово време (раз-два-три, раз-два, раз-два),
- кога хемиолата е на второ тактово време (раз-два, раз-два-три, раз-два) и
- кога хемиолата е на трето тактово време (раз –два, раз-два, раз-два-три).
Во примерот број еден прикажана е варијанта кога хемиолата е на прво тактово време.
Пример бр. 1
хемиола
Во примерот број два е прикажана варијанта кога хемиолата е на второ тактово време.
Пример бр. 2
хемиола
Во примерот број три е дадена варијанта кога хемиолата е на трето тактово време.
Пример бр. 3
хемиола
Девет осмини
Во девет – осминската тактова мера во тактот имаме девет осмини или четири
и пол удари (една осмина трае половина удар, девет осмини – четири и пол
удари). Бидејќи бројот е непарен во тактирањето се јавува една осмина отповеќе
и затоа три осмини во тактот се тактираат на еден удар, но го задржуваат
нивното реално траење (од еден и пол удар) со што тој удар во тактот ќе биде
подолг од тактирањето на останатите шест осмини, затоа се јавува тука застој и
метарот е неправилен. Тие три осмини кои се тактираат на еден удар се наречени хемиола.
ХЕМИОЛА претставува кога три
осмини се тактираат на еден удар, а го задржуваат нивното реално траење.
Хемиолата се употребува само во неправилните метри и може да ја има само еднаш
во рамките на еден такт, но на различно тактово време (тактово време
претставува секој еден удар во тактот).
Во деевет осмини бидејќи имаме четири удари, има четири варијанти на
тактирање, во зависност од поставеноста на хемиолата:
- кога хемиолата е на прво тактово време (раз-два-три, раз-два, раз-два,р
аз-два),
- кога хемиолата е на второ тактово време (раз-два, раз-два-три, раз-два,
раз-два)
- кога хемиолата е на трето тактово време (раз –два, раз-два, раз-два-три,
раз-два) и
- кога хемиолата е на четврто тактово време (раз-два, раз-два, раз-два,
раз-два-три).
Во примерот број еден прикажана е варијанта кога хемиолата е на прво
тактово време.
Пример бр. 1
Во примерот број два е прикажана варијанта кога хемиолата е на второ
тактово време.
Во примерот број три е дадена варијанта кога хемиолата е на трето тактово
време.
Пример бр. 3
Пример бр. 4
Тема: Народно музичко творештво
Фолкор
Сè она што го создал народот се
вика фолклор. Во однос на музиката се вика музички фолклор. Во музички фолклор
спаѓаат: народните песни, ора, носии и инструменти.
Обред
Обред – дефиниција. Строго утврдени
активности, дејства поврзани со вршење на определени верски ритуали или со
народни верувања и обичаи.
Обред (или ритуал) е повторливo дејствo, но со одредена цел за
разлика од обичајот. Обредот е високо организиран и контролиран, и често
укажува на членство во одредена група. Повеќето обреди спојуваат неколку видови
фолклор: вербален, материјален и обичаен.
Општо, обредите се изведби кои се
повторливи, шематизирани и често вклучуваат церемонијални дејства кои содржат
симболи, дејства. Повеќето обреди се симболички активности кои и овозможуваат
на групата да изрази традиционални идеи, вредности и верувања. Семејните
прослави, прославите во рамки на пошироката заедница, световните и црковните
церемонии и другите структурирани изведби вклучуваат обреди. За нешто да биде
обред, тоа значи мора да претставува збир на верувања и вредности кои членовите
на групата ги прифаќаат и сакаат да ги засилат. Обредот има за цел и да ја
подучи и да ја истакне важноста на овие вредности и верувања. Обредите често
вклучуваат симболи и метафори за да претстават значајни верувања.
Значајно за обредите е дека тие прават
невидливите вредности, верувања и ставови, кои се често затскриени, да станат
конкретни и видливи. Обредот често е и акт на убедување.
Термините обред и ритуал се синоними, во
македонската етнологија се користат и двата, иако се преферира ’обред’ заради
словенскиот корен на зборот (за разлика од ритуал кој има старогрчка односно
латинска етимологија ritus = церемноја, употреба, обичај).
Обичај
Дефиниција. Општоприфатен начин на живот, работа, однесување кој со текот
на времето се потврдува како општествено правило, преминува во традиција.
Пример: народни обичаи, свадбени обичаи.
Адет
Дефиниција. Обичај што станал некој вид закон за извесна средина, што се
прави по обичај, традиција, од навика.
Ритуал
Дефиниција. Систем од обреди што се вршат при некој религиозен акт.
Установен ред при вршење на нешто.
Традиција
Традиција е збор кој доаѓа од латинскиот traditionem,
односно traditio со значење дека „нешто се пренесува натаму“,
а се користи на повеќе начини, но најчесто да означи збир на верувања или
обичаи во одредена област, на пример: христијанска традиција, традиција на
прослава и слично.
Концептот на традицијата
Традицијата е
често првиот збор кој паѓа на памет кога луѓето размислуваат за тоа што е фолклор.
Традиција е:
1.
нешто што го споделуваме и процесот низ кој се врши тоа
споделување
2.
нешто што создава и потврдува идентитет
3.
нешто што групата го идентификува како традиција.
Традицијата е нешто што се пренесува, но таа го подразбира и
процесот на тоа пренесување
Идејата за традицијата
Идејата за традицијата е суштинска за фолклорот и фолклористичките
студии; сепак како што дисциплината се менувала и се развивала така се менувал
и начинот на кој фолклористите ја сфаќале традицијата. Сега таа веќе не
означува некаков реликт (остаток од минатото) кој се пренесува од генерација на
генерација во рамки на некоја заедница. Еволуцијата во сфаќањето на традицијата
се случила и заради тоа што самите фолклористи веќе не се гледале себеси како
некој кој собира остатоци од неписмените или несофистицираните групи за да ја
зачува нивната културна историја. Наместо тоа, како елементи на традицијата
почнале да се наведуваат оние врз кои групата се потпира за да го зачува
постоечкото чувство на групен идентитет.
Терминот традиција, како и фолклор, се однесува на неколку
меѓусебно поврзани концепти. Тој ја означува содржината на она што се
комуницира, како и самиот процес на комуникација. Терминот исто така се
однесува на она што го чини процесот на создавање на традиција. На пример, некоја
приказна, чинот на раскажување и начините на кои приказните и раскажувањето се
важни за една група, сето тоа е значајно кога зборуваме за традицијата. Оваа
дефиниција подразбира чувство на континуитет и споделени материјални предмети,
обичаи и вербални експресии, кои продолжуваат да бидат практицирани внатре и
помеѓу одредени групи.
Традициите не секогаш ни
доаѓаат од минатите генерации. Традициите можат да се повторуваат со текот
на времето, но времето може да биде мерено во „години“ но и во „моменти“. Групата
повторува нешто бидејќи тоа ѝ е значајно, доколку не би било значајно, тоа не
би било повторувано, а ако не е повторувано нема да стане традиција. Но повторувањето не значи дека секогаш ќе биде изведено на истиот начин, тоа претрпува измени при секое повторување.
Традицијата и чувството на
идентитет
Некои фолклористи сметаат дека групите ги бираат традициите,
одбирајќи настани и херои од
нивното културно минато за тоа да се вклопи во нивната сегашна концепција за самите нив. Со тоа традицијата се бира селективно за да им создаде и да се потврди групното чувство на идентитет.
Учеството и споделувањето на традициите на одредена група им
овозможува на нејзините членови да се чуствуваат дека се дел од неа. Често ние
не сме свесни за тоа како воопшто сме започнале да почитуваме одредена
традиција. Понекогаш пак свесно одлучуваме да се придружиме на некоја група, бидејќи
нејзините традииции ни се допаѓаат.
Традицијата е, создавање на иднина од нашето минато
или
минатото е само еден од патиштата на споделување и продолжување на традицијата.
Ние учиме од минатите групи, но исто така учиме од луѓето и групите кои постојат
во сегашноста; ние формираме и адаптираме традиција во сегашноста за таа да
одговара на моменталните интереси и искуства на групата.
Кога мислиме на тоа кој ја пренесува традицијата и кој ја учи и
ја продолжува, најчесто на ум ни доаѓа некој поединец. Фолклористите го
користеле терминот „носител
на традиција“ за да укажат на еден посебен член на одредена
група кој ја пренесува традицијата на други членови на групата, и понекогаш
активно и свесно ја подучува или споделува со други. Овој назив може добро да
послужи за идентификување на поединец кој групата го смета за, на пример,
мајстор занаетчија или вешт раскажувач на приказни; сепак, не е целиот фолклор
комунициран од еден поединец кој има специфична улога на носител на традицијата
во неговата односно нејзината фолклорна група. Ниту еден поединец не ја
„поседува“ традицијата, односно никој нема помало или поголемо право или
вештина да ја споделува.
Според оваа дефиниција, само оние поединци кои ја пренесуваат
традицијата имаат активна улога во споделувањето и продолжувањето на групните
традиции, другите членови се секогаш пасивни примачи на традициите. Но учествувајќи активно или пасивно во традицијата сите членови на групата
учествуваат во тековен процес на споделување и создавање на фолклорот.
Особено значајна е виталноста на традицијата - традициите се
однесувања кои ги практикуваме сега, а тие не поврзуваат со другите луѓе во
групата, и можат исто така да не поврзат со друга култура, да ни овозможат чувство на
етничност, или да ни помогнат да создадеме други врски. Традициите ни помагаат
да им кажеме на другите членови на групата и на оние во другите групи кои сме
ние и што е тоа што нам ни значи. Тоа е причината зошто ги пренесуваме
традициите низ мрежата на заедницата.
Дали традициите исчезнуваат?
Традициите можат да не поврзат со минатитие генерации, со
етничкиот и религискиот идентитет, и да не сврзат со одредени луѓе и кулутурни
однесувања кои ни се важни. Понекогаш едноставно сме носталгични за минатото, и
тоа ги моделира нашите ставови и очекувања во врска со традицијата. Поголем дел
од времето традициите се менуваат и еволуираат природно, и она што изгледа како
крај е всушност адаптација, дел од фолклорниот процес. Бидејќи традициите
постојат заради тоа што имаат некакво значење за групите, тие ретко завршуваат
нагло. Промените се постепени, а изведувањето на традиционалната практика на
нов, малку поинаков начин, не значи дека претставува непочитување кон
традицијата. Доколку постои „нов“ начин, најверојатно се работи за тоа дека
членовите на таа група, свесно или не, ја адаптирале традицијата за таа да има
поголемо значење за нив, како моментални членови на групата.
Со тоа во традициите е можно истовремено
зачувување на базичните идеи на фолклорот и постоење на варијации (измени, варијанти). Изборот на групата за некаква промена може да биде направен
свесно, заради креативни или естетски причини, или заради влијание врз свеста
на публиката и потребата традицијата да се прилагоди на вкусовите.
Измислување на традиција
Има традиции кои можат да бидат целосно
„измислени“, создадени и воспоставени заради одредена причина, или пак тие
можат спонтано да се појават и брзо да се воспостават.
Во некои случаи една ’нова’ група може да измисли традиции за
кои смета дека ќе ги оддржи во иднина. Други случаи можат да
вклучат создавање на традиција од страна на постоечка група, повторно со
претпоставка дека таа традиција ќе продолжи да постои.
Способноста на групите да измислуваат традиции, и во текот на
процесот веројатно да се ’измислат’ и себеси, е поврзана со пошироки културни и
социјални последици. Доколку инвенцијата на традицијата е постојан процес на
културна интерпретација и реконструкција, тогаш е јасно дека таа може да биде
социјално и политички моќна активност.
Прашањето на автентичноста
Едно од прашањата кои логично се наметнуваат кога се зборува за
способноста на групите да измислат традиции е како да знаеме дали одредена
традиција е автентична доколку не постои историја која неа ја
идентификува како таква.
Автентичноста зависи од тоа како групата ги дефинира сопствените
традиции. Со други зборови, автентичноста најдобро се сфаќа во смисла на
комуникација внатре една група - доколку групата споделува одредена традиција и
комуникација, и доколку таа има значење за таа група, тогаш традицијата е
автентична. Автентичноста е релативен термин и зависи само од тоа кој ја
одредува автентичноста, и заради кои причини.
Teма „Слушање музика“
Композиции за слушање:
Опера:
1.
Аида – Џузепе Верди – Триумфален марш
Verdi Opera Aida - Gloriaall' Egitto, Triumphal March - HD - YouTube
2.
Арија на Радамес „Celeste Aida“
Luciano Pavarotti: CelesteAida - YouTube
3.
Финале – дует на Аида и Радамес
"O terra, addio" -Aida (1989) - YouTube
4.
Деспина и мистер Докс – Димитрије Бужаровски
https://www.youtube.com/watch?v=P6mzfDcO72E&t=807s
– 1 дел
TOSE-OPERA DESPINA I MR.DOX2 DEL - YouTube – 2 дел
Оперета:
1.
Лилјакот – Јохан Штраус - увертира
https://www.youtube.com/watch?v=gPybrOxRoT4
2.
Лилјакот – Јохан Штраус - Дует на Розалинда и
Ајзенштајн
3.
Лилјакот – Јохан Штраус - Валс
Johann Strauss - OuvertüreDie Fledermaus 2008 - YouTube
4.
Лилјакот – Јохан Штраус - Арија на Адел
Die Fledermaus-"MeinHerr Marquis" (Adele) - YouTube
5.
Лилјакот – Јохан Штраус - Чардаш
Die Fledermaus -"Klange der Heimat" (Czsardas) - YouTube
Балет:
1.
Лебедово езеро – Танцот на малите лебеди –
Петар Илич Чајковски
Главна тема Swan Lake Main Theme - YouTube
Танц на малите лебеди Swan Lake, Tchaikovsky -Dance of the Little Swans - YouTube
Соло на Одета Swan Lake OdetteSolo/Coda/Scene - YouTube
2.
Лабин и Дојрана – Трајко Прокопиев
https://www.youtube.com/watch?v=xxnqNMr_EWY
Мјузикл:
1.
Убавицата и зверот – Алан Менкен - увертира
https://www.youtube.com/watch?v=pLiiBCAYsZg
2.
Sounds of music – Richard Rogers
(73) "Do-Re-Mi" -THE SOUND OF MUSIC (1965) - YouTube
So Long, Farewell from TheSound of Music - YouTube
Филмска музика:
1.
Главна тема од филмот „Индијана Џонс“ – Џ.
Вилијамс
(73) Indiana Jones • MainTheme • John Williams - YouTube
2.
„Море сокол пие“ од филмот „Трето полувреме“
– К. Џајковски
Kiril Djaikovski - MoreSokol Pie (The Third Half) - YouTube
Жанрови на забавната музика
Блуз:
1.
Feeling good – Nina Simone
https://www.youtube.com/watch?v=oHRNrgDIJfo
2.
The Blues Brothers -
Everybody needs somebody
(73)The Blues Brothers - Everybody needs somebody - 1080p Full HD - YouTube
Џез:
1.
Louis Armstrong - What A
Wonderful World
(73)Louis Armstrong - What A Wonderful World (Lyrics) - YouTube
2.
Fever - Peggy Lee
(73)Fever - Peggy Lee - YouTube
R&B :
1.
Beyoncé - Halo
2.
Rag'n'Bone Man – Human
(73)Rag'n'Bone Man - Human (Official Video) - YouTube
Хип – хоп и рап:
1.
2pac - Changes Radio Edit
(73)2pac - Changes Radio Edit - YouTube
2.
„Црнила ремикс“ (рап драма) режисер Јордан
Симонов, музика Дарко Димитриевски и Павле Димковски (видео фрагмент)
Rock’n roll:
1.
Love me Do-The Beatles '
62
(73)Love me Do-The Beatles ' 62 - YouTube
Поп:
1.
Imagine Dragons - Natural
(73)Imagine Dragons - Natural (Official Music Video) - YouTube
2.
Take That - The
Flood
(73)Take That - The Flood (Official Video) - YouTube
3.
Elita 5 - TORNADO
(73)Elita 5 - TORNADO - YouTube
4.
Dua Lipa - New Rules
(73)Dua Lipa - New Rules (Official Music Video) - YouTube
Биографија за композиторите:
ЏУЗЕПЕ ВЕРДИ. Италијански
композитор од 19 век, времето на романтизмот. Уште
од рано детство покажувал голем интерес за музиката и извонредна музичка надареност. Како мало момче
со часови седел во татковата гостилница, слушајќи ги патувачките музичари како
им свират на гостите. На седумгодишна возраст станува член во црковниот хор, а
првите часови по музика ги добива од селскиот учител на оргули. Тој е познат по пишување на опери. Познати опери: “Nabucco”, “Macbeth” , “Luisa
Miller”, “Rigoletto” , “Traviata”, “Aida”, “Otello” , “Falstaff” и
др.
ДИМИТРИЈЕ БУЖАРОВСКИ. (1952 г.). Роден е во Скопје.
Истакнат македонски композитор, музиколог и професор. Тој е многустрана личност со
интереси во различни полиња: композиција, музикологија, компјутерска и
електронска музика, интерпретација (пијано, синтесајзери, диригирање),
образование, менаџмент и научно-истражувачка работа. Неговото композиторско творештво содржи дела од крупен формат: симфонии,
ораториуми, опери, балети, сонати, суити, вокални циклуси, камерна музика,
музика за соло инструменти. Има напишано музика за над 60 филмови,
телевизиски и театерски проекти. Неговите композиции се изведувани и емитувани
во САД, Русија, Франција, Велика Британија, Германија, Холандија, Шпанија,
Грција, Бугарија, Србија, Полска.
ЈОХАН ШТРАУС (помладиот). Австриски композитор, виолинист и диригент. Тој е создавач на класичната виенска оперета во која доминира валцерот. Најважни негови дела се оперетите: „Лилјакот“,
„Циганскиот барон“ и валцерите „На убавиот син Дунав“. Тој бил наречен „Крал на
валцерите“ бидејќи има искомпонирано 400 валцери.
ПЕТАР ИЛИЧ ЧАЈКОВСКИ. Руски композитор од 19 век,
времето на романтизмот. Еден од најголемите руски композитори и симфоничари, кој со своите дела ја
одбележа ерата на доцниот романтизам како еден од најсестраните и најплодните.
Значаен придонес дал во развојот на рускиот балет. Негови најпознати дела се оперите „Евгениј Онегин“ и
„Пикова дама“, а неговите три балети: „Оревокршачка“,
„Лебедово езеро“ и „Заспаната убавица“ се едни од најизведуваните балети на
сите времиња. Познато негово дело е и циклусот „Годишни времиња“.
ТРАЈКО
ПРОКОПИЕВ. Роден е во Куманово (1909 - 1979). Македонски композитор на класична музика, диригент и автор на филмска музика. Познат е по употребата на историски, митолошки и народни мотиви од културната ризница на македонскиот народ во неговите дела.
Балети: „Лабин и Дојрана“. Опери: „Кузман Капидан“, „Разделба“ има напишано и
музика за повеќе филмови
No comments:
Post a Comment